МВР: Немаше обид за атентат врз Курти

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија реагираше на информациите за наводна закана за косовскиот премиер Албин Курти за време на неговиот престој во Скопје, наведувајќи дека немало обиди за атентат, пренесува „Косово онлајн“.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за „Телеграф Македонија“ навел дека немало обид за убиство на Курти.

Тој истакнал дека полициското обезбедување на Курти било утврдено според правила и протоколи.

„Ве информираме дека при посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Скопје немало обиди за негово убиство. Што се однесува до безбедноста при посетата на премиерот Курти, таа беше организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки“, вели Ангеловски.

Курти за новинарите по враќањето од Скопје изјави дека таму се чувствува безбедно и покрај заканите „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.

Курти истакна дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје видел голем број полициски сили.

Слични содржини