МВР: Полициската операција за настаните во Палас е во тек

од Aleksandar Todeski
561 прегледи

Министерството за внатрешни работи потврдува дека во моментов на распит во полициската станица Карпош се две лица поврзани со пукањето во хотелот Александар Палас.

„Изминатото деноноќие полицијата презеде оперативно тактички активности со цел расветлување на настанот во Александар Палас. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, вели за Локално портпаролката на СВР Скопје, Лиза Бендевска.

Двете приведени лица се дел од групата која во моментот се наоѓала во хотелот, а кои испраќале пораки до полицијата дека полицајци се виновни за престрелката.

Александар Тодески

Слични содржини