МВР: Ракометарот на Бутел бил донесен на Клиника без траги на насилство

од Берта Китинска

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, соопштија од МВР.

Според хрватските медиуми ракометарот Тот кој настапува за РК Бутел бил претепан во Скопје. Тој бил примен рано утринава со тешки повреди по целото тело и бил пренесен во болница каде се бори за живот.
-Ракометарот имал неколку скршеници и бројни други повреди, најверојатно предизвикани откако бил претепан со тапи предмети, но и со тупаници и нозе, јавува хрватски „Вечерњи лист“.

Слични содржини