МВР: Родители внимавајте на своите деца и активностите на социјалните мрежи, Интерпол сподели шокантни информации

Министерствто за внатрешни работи денес испрати апел до сите граѓани, но особено до родителите да внимаваат на активностите на своите деца во однос на социјалните мрежи.

Имено, како што информираше МВР, интерпол споделил информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.

Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања.

Слични содржини