МВР со детали за тешката сообраќајка во Козле: Загина малолетник кој управувал со мотоцикл

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со детали за синоќешната тешка сообраќајна несреќа во Скопје, во која животот го загуби едно лице.

-Синоќа во 20 часот и 47 минути во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Козле во истоимената населба во Скопје се случи тешка несреќа меѓу две возила и скутер. Сообраќајната несреќа била помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, појаснија од полицијата.

Според добиените информации, од здобиените повреди на местото починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од брзата помош.

-Полицијата извршила увид заедно со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, се вели во информацијата на МВР.

Улицата синоќа беше блокирана за сообраќај, а полицијата до доцна вечерта вршеше увид на местото на несреќата.

Слични содржини