МВР трага по тинејџерот кој на ТикТок се фалеше дека пали шума

од Aleksandar Petrovski

Нa 4 август 2020 до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР на Република Северна Македонија, преку сервисот „Црвено копче“ пристигната е пријава за лице кое на сервисот за споделување на видеа ТИК ТОК се снима додека врши палење на јавни површини.

Пријавата е доставена до СВР Скопје, како надлежна организациона единица која постапува по сторени кривични дела од таа област. МВР презема мерки и активности за утврдување на точниот идентитет на снимката и на учесниците во неа, како и за понатамошно расчистување на настанот, велат од МВР.

Слични содржини