МЖСПП: Податоците од мониторинг станицата во Тетово редовно се објавуваат

од Берта Китинска

Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно ингеренциите, редовно ќе ги следи и ќе ги објавува податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Тетово која е во целосна функција, но податоците не се видливи на веб страницата на МЖСПП заради технички проблеми со главниот сервер.

-Истите, МЖСПП редовно ги објавуваше, на секој час, во текот на попладневите и вечерните часови, а почнуваќи од 6 часот наутро се објавуваат и ќе бидат објавувани и во текот на денешниот ден.Податоците се достапни на веб страницата на МЖСПП и на официјалниот ФБ профил на Министерството.Во моментот се забележува сосемо мало покачување на одредени параметри и нема место за паника, информираат од министерството.

Слични содржини