На Ајфеловата кула истакнати пароли од протестите во Иран

од Stefanija Kuzmanovska

На Ајфеловата кула во Париз денеска беа прикажани слогани за поддршка на иранските демонстранти и жените кои се борат за поголеми права.

Четири месеци по смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор во Иран, што предизвика протести ширум Иран, на Ајфеловата кула беа истакнати слоганите „Жена. Живот. Слобода“ и „Запрете ги егзекуциите во Иран“, пренесува „Ројтерс“.

Минатата недела Франција повика ирански дипломат на разговор поради егзекуцијата на британско-ирански државјанин обвинет за шпионажа.

Слични содржини