На Австралија и се заканува катастрофа?! Научниците испратија алармантно предупредување, а за се е виновно ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ

од Vladimir Zorba

Научниците уште еднаш предупредуваат за разорното корално избелување на Големиот корален гребен, недалеку од брегот на источната австралиска држава Квинсленд.

Според податоците на локалната невладина организација која се занимава со климатските промени, новите морски истражувања укажуваат на катастрофа. Областа долга 1.100 километри, која се протега од островот Лизард до островот Кепел, веќе е зафатена, објави во вторникот австралиската новинска агенција ААП.

Експертите велат дека поттик за тоа е новиот топлотен бран на морето што го зафати регионот.

„Ова сега изгледа страшно“

Дијана Клајн, проектен координатор на групата за мониторинг на животната средина Coral Watch, веќе 25 години ја посетува истражувачката станица на островот Херон во јужниот дел на Големиот корален гребен и вели дека тоа е најлошото белење што некогаш го видела.

„Островот Херон за среќа избегна неколку белења во последните неколку години, но сега изгледа страшно“, изјави таа за ААП. Островот се наоѓа на околу 460 километри северно од Бризбејн во област погодена од сегашното белење.

Големиот корален гребен е се повеќе загрозен од глобалното затоплување. Во тешки услови, коралите ги отфрлаат алгите одговорни за нивната боја, со кои живеат во симбиоза во нормални околности.

„Прашање на време е кога избелените корали ќе изумрат ако океанот не се олади“

Избелените корали моментално се под голем стрес, но се уште се живи и можат да закрепнат. Но, експертите велат дека екстремно топлата морска вода ги прави подложни на болести кои можат да ги убијат.

„Ако океанот не се олади во следните недели, прашање на време е кога коралите ќе изумрат“, рече Клајн.

Со оглед на температурата на морската вода која е и до 30 Целзиусови степени, на некои места се избелени и до 80 отсто од коралите.

Слични содржини