На погребот на Берлускони во Милано се очекуваат 20.000 луѓе, меѓу кои бројни светски лидери

од Stefanija Kuzmanovska

На денешниот погреб на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во центарот на Милано се очекуваат околу 20.000 луѓе.

Денеска во Италија е ден на национална жалост.

За време на погребот, во катедралата во Милано ќе има околу 2.000 луѓе, вклучително и сегашни и поранешни државни и партиски лидери, објави „Политико“.

Плоштадот Дуомо, кој ја опкружува катедралата, е опремен со големи екрани каде околу 20.000 луѓе ќе можат да го следат погребот.

Повеќето членови на актуелната влада, како и неколку поранешни премиери и меѓународни високи личности, меѓу кои и унгарскиот премиер Виктор Орбан, се очекува да присуствуваат на катедралата.

Се очекува претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер и европскиот економски комесар Паоло Џентилони да ги претставуваат европските институции.

Слични содржини