На Велика Британија и се заканува еднa од најтешките бури во последните 30 години

од Milan1

На милиони луѓе во Обединетото Кралство им беше кажано да останат дома бидејќи во областа пристигнува една од најлошите бури во последните децении, бурата Јунис. Метеоролошката канцеларија издаде ретко црвено метео предупредување за Лондон, југоисточна и источна Англија.

Црвен аларм, што значи опасна по живот, веќе е издаден за делови од југозападна Англија и јужен Велс. Стотици училишта ќе бидат затворени, сите возови во Велс се суспендирани, а армијата е на повисоко ниво на подготвеност.

Синоптичарите предупредуваат дека Јунис во петок може да донесе удари на ветер до 150 километри на час, што би предизвикало големи проблеми и прекини на електричната енергија. Властите предупредуваат дека тоа „може да биде едно од најлошите бури во последните три децении“.

„Јунис“ е втора бура за една недела во Велика Британија, откако бурата „Дадли“ погоди делови од Шкотска, северна Англија и Северна Ирска, оставајќи илјадници домови без електрична енергија.

Слични содржини