На војници кои го бранеа Капитол им се слошило од храната, во месото пронајдени метали

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од десет војници на Националната гарда кои го бранеа Капитол за време на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден се разболеле откако јаделе лошо подготвена храна, а во некои оброци беа пронајдени и парчиња метал.

Наредник од Националната гарда во Мичиген, кој сакаше да остане анонимен, рече дека повеќе од десет чувари се пожалиле на болки во стомакот, бидејќи месото не било доволно зготвено, објави „Њујорк пост“.

– Вчера, на пример, пронајдовме 74 различни оброци со месо со сурово говедско месо внатре – рече наредникот за WXYZ и покажа фотографии кои покажуваат дека месото е целосно сурово на средина и додава дека војниците пронашле метални парчиња во храната.

Неварената храна која на прв поглед изгледа добро однадвор, е уште поопасна ако стои повеќе од четири часа на собна температура пред да биде послужена, додаде наредникот.

Иако тие играа голема улога во одржувањето на Капитол безбеден од закани од домашните екстремисти, чуварите беа крајно слабо хранети, се пожали наредникот.

Еден војник се пожали минатиот месец дека на неколку војници им се слошило после тие оброци, а некои дури и повратиле, објави Детроит Њуз.

– Моралот е многу лош: многумина од нас служеа војска во странство и не можеме да веруваме каква храна ни дадоа – се пожали тој.

Слични содржини