На вработените им понудил 5.000 евра за да се вакцинираат, откри колку од нив ја прифатиле понудата

од Milan1

Вакцинацијата стагнира, па надлежните и работодавачите се одлучуваат за различни стимулации за да привлечат што поголем број граѓани на имунизација. Слично е и во Германија кога се работи за вакцинација, па една компанија решила да ги поттикне своите вработени да ја добијат првата доза.

Имено, тие им понудиле бонус од 5.000 евра. Станува збор за компанијата (Bother AG), а нивниот шеф во ноември изјави дека неговата понуда ќе важи до јануари. Ваквата одлука ја донел поради малата вакцинација на вработените. Имено, секој десетти работник бил заразен, а процентот на вакцинација бил околу 60 отсто, пишува порталот „Феникс магазин“ кој проверил дали има ефект неговата финансиска стимулација.

„Понудата ја искористија повеќе од 500 вработени. Ја чинеше компанијата околу 2,5 милиони евра, открива нивниот шеф на компанијата“, во која сега се вакцинирани 90 отсто од луѓето.

Членот на Управниот одбор Данило Фрасијак потврди дека таквиот потег се исплател.

„Додека во ноември имавме и до десет инфекции дневно, во последните шест недели е регистрирана само една инфекција“, рече Фрасијак, додавајќи дека е горд на вработените.

„Нашите вработени се заштитени од последиците од корона инфекција и тоа е многу добро за нас како компанија затоа што можеме да ја завршиме нашата работа со одличен тим“, истакна Фрасијак.

Слични содржини