Над 85% од ковид-пациентите во „8-ми септември“ се приклучени на кислородна поддршка

од Nikola Popovski

„Има преку 150 пациенти кои се хоспитализирани во ковид-центарот во болницата „8-септември“, вели доктор Владимит Ристовски, кој работи баш во тој ковид-центар.

Според него, повеќе од 85 проценти од пациентите се приклучени на кислородна поддршка.

„Во тријажниот оддел има преку 100-тина прегледи и цело време ни се јавуваат лица со тешка клиничка слика. Секој ден се прават 20 приеми, а исто така толкав број на пациенти се испишуваат од болницата. Сепак, големите проблеми се и компликациите од вирусот, кои ќе се видат понатаму“, истакна Ристовски.

Од Министерството за здравство попладнево соопштија дека во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на коронавирус, што претставува 35 проценти од тестираните биле позитивни.

Пријавени се вкупно 29 смртни случаи.

Слични содржини