Надал го брани Ѓоковиќ: Мерките не беа толку строги како во другите земји

од Vladimir Zorba

Тони Надал, чичко и поранешен тренер на Рафаел Надал, вели дека Новак Ѓоковиќ направил грешка, што можело да се случи на секого.

Во интервју за ЕСПН, Тони зборуваше за „Адрија тур“, однесувањето на тенисерите на овој турнир и најдобриот во светот – Новак Ѓоковиќ.

„Штета е, намерата беше добра, да играме тенис кој беше убав, но на крајот се јавува проблемот со коронавирусот, што не беше добро за тенисот и Ѓоковиќ“, вели Надал и додава:„Во таква ситуација кога имате многу проблеми, а уште повеќе ако сте првиот тенисер на светот … подобро би било сите да бидат повнимателни и да се грижат повеќе. Во Србија, мерките не се толку строги како во другите земји и тие постапуваа соодветно на тоа“.

Чичкото на славниот шпански тенисер посочува дека истата грешка можела да се случи на било кој.

„Тоа беше грешка што можеше да ја направат сите и Ѓоковиќ веќе се извини за тоа. Ова е мал чекор наназад за враќање на АТП турнејата по старо“, заклучува Тони.

Ѓоковиќ е во карантин, заедно со сопругата Јелена, која е исто така позитивна за коронавирус.

Слични содржини