Нагелсман по 6:1 против Ајнтрахт: Моравме да промениме нешто откако Левандовски си замина

од Vladimir Zorba

Баерн (Минхен) го уништи Ајнтрахт (Франкфурт) со 6:1 во својот прв натпревар сезонава во Бундеслигата и повторно респектираше со огромната офанзивна моќ. Тренерот на Баварците, Јулијан Нагелсман не штедеше комплименти за своите избраници, забележувајќи го солидното издание во дефанзивниот план.

„Одигравме извонреден натпревар и покажавме многу енергија. Имаше многу паралели со натпреварот против РБ Лајпциг. Фудбалерите се среќни. Победата никогаш не е дадена. Мора да уживате во нив, дури и ако често победувате. Сите во тимот се амбициозни и мотивирани, се надевам дека ова нема да се промени“, изјави Нагелсман.

„Одлично е што головите доаѓаат од различни играчи. Погодивме 11 пати на два официјални натпревари. По разделбата со Левандовски, моравме да промениме нешто. Сега центрираме поретко“, објасни младиот стручњак.

„Денеска опериравме со четворица во одбрана во двете полувремиња. Секако, кога победувате со пет гола разлика е лесно, вие сте најдобриот тренер во светот и сите ви велат да продолжите понатаму. Мислам дека денеска навистина добро се браневме“, потенцира Нагелсман.

Слични содржини