Најчевска: Да прогласиш за режим структура на власт во која самиот учествуваш е знак на бескрајна глупост

од Берта Китинска

Да прогласиш за режим структура на власт во која самиот учествуваш е или знак на бескрајна глупост или едноставно спремност да се каже и направи било што за одредена цена.Нема шанси овие луѓе да се носители на промена и прогрес, вели во својот коментар на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска, по изјавата на лидерот на БЕСА,  Биљал Касами кој кажа дека неговата партија останува на ставот дека „овој режим“ треба да падне.

Касами, чија партија е дел од владата на Зоран Заев со министерот Арјанит Хоџа и на ланските парламентарни избори настапи заеднички со СДСМ, се сомнева дека пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, кој не дојде на денешната седница за гласање доверба на владата, против своја волја се изјаснил дека е против рушењето на владата.

Слични содржини