Најголем број заразени за еден ден во Велика Британија

од Vladimir Zorba

Велика Британија објави 6.632 новозаразени со коронавирус, што е најголем број за еден ден.

Тие ги повикаа граѓаните да ги почитуваат новите ограничувања што Владата ги објави оваа недела со цел да се контролира ширењето на инфекцијата.

Велика Британија, со повеќе од 42.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата, има највисока стапка на смртност во Европа.

Денешниот број покажува побрзо ширење на инфекцијата, но и поголем број тестови, што е двојно зголемено во споредба со пролетта.

Слични содржини