„Најголемиот рекет во историјата на Бугарија“: Падна ли Борисов поради ова?

од Nikola Popovski

Истрагата против поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и неговите соработници, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, поранешната шефица на владиното разузнавање Севдалина Арнаудова и поранешната пратеничка и претседателка на парламентарната комисија за буџет, Менда Стојанова, беше покрената поради изнуда што се случила од 2014 до 2019 година. За тоа денеска по факс од истражител е известено софиското градско обвинителство.

Десислава Петрова, портпаролка на градското обвинителство во Софија, за бугарските медиуми изјави дека веќе е назначен надзорен обвинител за преткривична постапка, но таа одби да открие кој е тој. Според неа, ќе му треба време за да се запознае со материјалите, па дури потоа ќе биде откриено неговото име.

Иако обвинителството јавно не соопшти за кој предмет на изнуда станува збор, тамошните медиуми пишуваат дека станува збор за обвинувања од бугарскиот бизнисмен Васил Божков.

Вицепремиерот Асен Василев е единствениот функционер кој јавно го спомна Бозков по апсењата.

Тој денеска коментира дека истрагата против Бојко Борисов, Владислав Горанов и Севделин Арнатудова е поврзана со тоа што тие наводно го оштетиле буџетот за 556 милиони лева (278 милиони евра), а се однесуваат на неплатени давачки кон Комисијата за коцкање од фирмите на Васил Бозков. Бизнисменот постојано истакнувал дека го поткупувал Борисов.

Како е поврзан Божков со уапсените?

Божков е Бугарин кој е во Дубаи од 2020 година за да избегне апсење по бројни обвиненија во Бугарија, а медиумите пишуваат дека тој наводно неколку пати го поткупил Борисов за да ја задржи работата. Тој тврди дека му платил повеќе од 60 милиони лева (околу 30 милиони евра) на поранешниот премиер и министер за финансии Владислав Горанов, пренесува Дневник.бг.

Според него, Борисов и Горанов барале 20 проценти од профитот од неговиот лотариски бизнис во замена за законите што му одговараат, благодарение на кои тој можел да плати помали даноци за неговата телевизиска лотарија.

Божков ги спомена имињата на Менда Стојанов и Севделинаа Арнаудова како инволвирани во овој случај. Според него, Стојанова како шефица на комисијата во Народното собрание се залагала за измени на законот, а Арнаудова бил посредник во предавањето на парите. Сите четворица приведени ги негираа обвинувањата.

Божков како доказ објави банкарски документи за подигање готовина и ги испрати до обвинителството и европските институции. Тој во јануари минатата година објави дека обвинителството не внимавало на неговите наводи.

„Најголемиот рекет во историјата на Бугарија“

Самиот Божков синоќа на својот Фејсбук профил напиша дека дал исказ пред Европското обвинителство. Според него, две години главниот обвинител во Бугарија, Иван Гешев, правел се што е можно „да се ослободи од своите колеги, откако дадов неспорни докази за најголемиот рекет во историјата на Бугарија“.

Тој денеска се огласи на Фејсбук и објави нова порака во врска со Борисов.

„Досега нема национална телевизија која ме контактира. Го спасуваат Бојко. Има несоборливи докази. Има сведоци. Има закони кои Борисов, Гешев и Копани ги проневерувале повеќе од една деценија. Време е за правда П.С. Сигурен сум дека има луѓе во обвинителството кои знаат да работат според законот“, напиша тој.

Слични содржини