НАЈЛОШИОТ ДЕН ВО ЦРНА ГОРА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ЕПИДЕМИЈАТА: 87 нови случаи на коронавирус

од Vladimir Zorba

Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора ја завршија ПЦР-анализата на 709 примероци за новиот коронавирус во последните 24 часа, меѓу кои 87 резултати се позитивни.

– Меѓу позитивните беа резултатите од две лица кои починаа вчера (Плав и Рожаје) а два смртни случаи се забележани кај пациенти кои претходно биле позитивни и биле лекувани во Клиничкиот центар на Црна Гора и ОБ Беране. Починатите биле од Подгорица и Рожаје – објавено е од ИЈЗЦГ.

Од почетокот на јуни, 14 лица починаа од Ковид-19 во Црна Гора.

Слични содржини