Најмалку единаесет мртви во нападот на училиштето во Русија, еден од напаѓачите убиен

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од напаѓачите на училиште во Казан, во централна Русија, е убиен, додека другиот е уапсен, објавија руските агенции, кои наведуваат дека биле убиени најмалку 11 лица, главно ученици, а четири лица биле повредени.

„Другиот напаѓач на училиштето во Казан, кој се криел во зградата, е ликвидиран“, изјави полициски извор за Тасс.

Неименуван извор, на кој се повикува агенцијата „Интерфакс“, ја потврди таа информација.

Повикувајќи се на службите за итни случаи, агенцијата РИА Новости известува дека 11 лица биле убиени и четири ранети во нападот на училиште во Казан.

Медиумите наведуваат дека жртви се ученици во училиштето и еден наставник.

Слични содржини