Најмладиот починат пациент од Ковид-19 немал хронични заболувања

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека триесет и петгодишниот пациент кој вчера почина од Ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје немал никакви претходни заболувања.

Од таму дополнуваат дека пациентот бил болен една недела со покачена температура, малаксаност и главоболка.

„Лекуван е од страна на матичниот лекар и на 26 октомври е примен на Инфективната клиника каде по кратко време настало нагло влошување на состојбата. Немал други болести”, велат од Министерството за здравство.

Пациентот кој се лекувал од ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје вчера се најде во листата на починати лица и беше најмладиот починат пациент.

Според последната статистика на Министерството за здравство, бројот на починати лица кои влегоа во статистиката на ковид-19 е 977.

loading...

Слични содржини