Најмногу дожд во Охрид

од Vladimir Zorba

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид 40 литри на метар квадратен, во Маврово 17, на Попова Шапка 16, Крива Паланка 14, во Гевгелија 10, а осум во Дојран.

Според прогнозата на УХМР, времето и денеска ќе биде променливо облачно, на места со слаба нестабилност проследена со врнежи од дожд. Рано утрово нестабилно со дожд и грмежи беше во Гевгелиско.

Претпладне со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. УВ=6

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Доцна попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Mаксималната температура ќе достигне 28 степени.

Слични содржини