Најмногу новозаразени во Германија за последниве три месеци

од Vladimir Zorba

Германија бележи најголем број на новозаразени со коронавирус на дневна основа по повеќе од три месеци.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во таа земја е зголемен за 1.226 – на 218.519, според денешните податоци на Институтот „Роберт Кох“. Ова е најголем пораст на бројот на нови случаи од 9 мај, според Ројтерс.

Шест лица починаа од КОВИД-19 во Германија, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 9.207.

„Ова е, без сомнение, многу загрижувачко“, рече министерот за здравство Јенс Шпан и посочи дека граѓаните мора да бидат внимателни за да се потисне ширењето на вирусот.

Спан истакна дека туристите се враќаат во Германија и предупреди дека сите видови на забави и семејни собири се ризик.

Во мај, Германија започна постепено олеснување на рестриктивните мерки, со цел рестарт на економијата.

Слични содржини