Најнова снимка од бруталната смрт на Флојд: Пред да почине, бил претепан од полицајците? (видео)

од Nikola Popovski

Гневот на илјадници граѓани во САД нема да се смири и синоќа некои делови на градот ги опфати анархија. Главното барање е одговорност и апсење на полицајците, кои додека го приведуваа  невооружениот Флојд, еден од нив, Дерек Чавин, употреби несразмерна физичка сила.

Четворицата службеници кои беа на местото на настанот се отпуштени од работа.

Контактот со полицијата е снимен на неколку видео снимки и фотографии. Луѓето кои снимаат протестираат полицацеот да го тргне коленото од вратот на легнатиот Флојд, бидејќи овој може да се задуши.

Од снимката се гледа и слуша како Флојд, легнат на земја и со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише.

Од најновата снимка, поставена на Инстраграм се гледа дека Џорџ Флојд бил ставен во полицискиот автомобил и бил тепан од полицајците. Еден од нив стоел пред автомобилот, додека другите тројца го нападнале.

Слични содржини