Најскапото сирење во светот се произведува во Србија, цена за килограм е 1.000 евра

од Vladimir Zorba

Најскапото сирење во светот се прави од магарешко млеко, а како што објави „Ал Џезира Балканс“, а еден килограм се продава за илјада евра.

Се започна во Србија, во природниот резерват Засавица кај Сремска Митровица, каде неодамна почнаа да го произведуваат ова необично сирење, а начинот на подготовка никому не му се открива.

Правењето сирење од магарешко млеко е долг и тежок процес, што веројатно е една од причините што нема слични примери во светот.

За еден килограм сирење потребни се 25 литри магарешко млеко, колку што може да се добие само од едно животно за две години. Во Засавица годишно се произведуваат околу 100 килограми сирење.

Десетина луѓе се грижат за магарињата, а животните, велат, не бараат премногу. Се хранат со сено, делови од пченка и вода.

Производите внимателно се чуваат во резерватот, а меѓу нив, освен сирење, има и сапуни од магарешко млеко, дневни и ноќни креми, ликери.

Кремите се поскапи од сирењата, а сите производи се направени по нарачка, главно за клиенти од Велика Британија и арапскиот свет.

Миропа Куниќ, работничка во резерватот, вели дека овие животни кои се молзат еднаш дневно даваат многу помалку млеко од кравите.

Рецептот е строго чувана тајна, а познато е само дека магарешкото млеко се меша со козјо млеко за сирењето да биде помеко.

Магарешкото млеко содржи само еден процент масти, богато е со витамини А, Д и Е, калциум и омега-3 масни киселини и содржи 60 отсто повеќе витамин Ц од кравјото млеко.

Слични содржини