Најстарата Европјанка го победила коронавирусот, наскоро ќе наполни 117 години

од Stefanija Kuzmanovska

Најстарата жителка на Европа, монахињата Андре, го победи ковид 19 и оваа недела ќе го прослави својот 117 роденден.

Лусил Рандон, која го добила името сестра Андре кога се замонашила во 1944 година, живее во Тулон, на југот на Франција.

Тестот на 16 јануари покажал дека е позитивна на коронавирусот, по што се изолирала, но не покажала никакви симптоми, пренесува „Ројтерс“.

На прашањето од телевизијата БФМ дали била исплашена, таа одговорила:

„Не, не се плашев затоа што не се плашам да умрам. Среќнс сум што сум со вас, но би сакала да бидам на друго место, да им се придружам на мојот брат, баба и дедо“.

Портпаролот на домот за стари лица во Сент Кетрин Лабур, Дејвид Тавела изјавил дека таа се чувствува добро.

„Сметаме дека е излечена. Смирена е и со нетрпение очекува да го прослави својот 117-ти роденден во четврток”, рече тој.

Слични содржини