Намерно се инфицирал со корона по втор пат: Студирал антитела, а заклучокот не е многу оптимистички

од Берта Китинска

Професорот кој се зарази со коронавирусот по втор пат, вели дека надежите за создавање на колективен имунитет биле „претерани“.

Откако се опорави дома во Сибир, без потреба од хоспитализација, тој и неговиот тим од Институтот за клиничка и експериментална медицина во Новосибирск започнаа студија за антитела на коронавирусот.

Тие го проучувале „начинот на однесување на антителата, колку биле силни и колку долго престојувале во телото“ и откриле дека нивниот број брзо се намалува.

– До крајот на третиот месец, од моментот кога ги почувствував симптомите, немаше повеќе антитела – рече тој, пренесува „Дејли меил“.

Тогаш тој одлучи да ја проучи можноста за повторна инфекција.

Во име на науката, Чепурнов стана „лабораториски глушец“ и намерно се изложи повторно да заболи од Ковид 19.

– Антителата исчезнаа точно шест месеци по мојата прва инфекција. Првиот знак беше болка во грлото – рече тој.

Втората инфекција беше значително посериозна и тој мораше да биде хоспитализиран.

– Пет дена, мојата температура беше повисока од 39 степени. Го изгубив сетилото за мирис, а сетилото за вкус се смени. На шестиот ден, снимката покажа дека белите дробови ми се чисти, но три дена подоцна, скенерот покажа дека имам воспаление на обете бели дробови. Вирусот исчезна брзо. По две недели, тоа не беше откриено во примероците – изјави тој.

Неговиот заклучок, заснован на лично искуство, е дека колективниот имунитет сега е „напуштена надеж“.

Тој вели дека „вирусот е тука за да остане“ и иако вакцините се таму за да дадат имунитет, тој најверојатно ќе биде привремен.

– Потребна ни е вакцина што би можеле да ја користиме неколку пати – изјави тој.

Професорот претходно работел во државниот истражувачки институт „Вектор“, кој сега е познат по создавањето на друга руска вакцина против опасна инфекција што го мачи светот.

Слични содржини