НАСА: Вселенската прошетка на двајца руски астронаути одложена поради истекување течност

од Stefanija Kuzmanovska

Вселенската прошетка на двајца руски космонаути на Меѓународната вселенска станица денеска беше откажана откако контролорите на летот забележаа истекување на течност од вселенското летало „Сојуз“ закотвено покрај станицата.

НАСА соопшти дека ниту еден од седумте членови на сегашниот екипаж на Меѓународната вселенска станица – тројца руски, тројца американски и јапонски астронаут – не се во опасност, пренесува „Ројтерс“.

Истекувањето на течноста беше видливо и на видеото во живо.

Слични содржини