НАТО ги зголемува своите сили на границата со Русија и Белорусија

од Milan1

НАТО ја зајакнува воената инфраструктура во непосредна близина на границите со Русија и Белорусија, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Се зголемува присуството на НАТО силите во близина на границите со Русија и Белорусија, се модернизира воената инфраструктура, се создаваат резерви на оружје, воена опрема и материјални ресурси “, Изјави Шојгу на заедничкиот колегиум на руските министерства за одбрана на Русија и Белорусија.

Договорот за формирање на Унија на Русија и Белорусија беше потпишан на 2 април 1996 година, а на 8 декември 1999 година беше потпишан договор за формирање на Сојузна држава Русија и Белорусија.

Шојгу додаде дека оклопната бригада на американската армија и четири мултинационални тактички групи на баталјони се префрлени во Полска и балтичките земји, пренесува „Спутник“.

Во Романија, Полска и Летонија се формирани штабови на НАТО. Капацитетот на инфраструктурата во пристаништата и аеродромите исто така се зголемува“, истакна рускиот министер за одбрана.

Според неговата проценка, „бројот на силите за брз одговор на НАТО се зголеми од 25.000 на 40.000 војници“.

„Во Романија и Полска, Вашингтон распоредува противракетни системи. „Во исто време, универзалноста на нивните системи за лансирање овозможува употреба на крстосувачки ракети „Томахавк“ и напредни ударни оружја направени од Пентагон, заедно со противракетни проектили“, рече министерот.

Тој додаде дека САД, со целосна поддршка на сојузниците во НАТО, започнаа активно да работат на модернизација на тактичко нуклеарно оружје и базите за нивно складирање во европските земји.

Воените маневри за време на кои се практикува употреба на тактичко нуклеарно оружје е од особена загриженост, тврди министерот Шојгу и ова според него е директно кршење на „Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, пренесува Тајнуг.

Слични содржини