НАТО се понудиле за помош, Шекеринска вели засега нема барања од институциите

од Берта Китинска

Ова утро добив неколку пораки за поддршка од страна на сојузниците, особено од соседството, кои се понудија за помош, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека Владата денеска ќе дискутира и ќе информира за следните чекори.

Таа посочи дека сојузници од НАТО се понудиле за помош, но до овој момент, рече, нема побарувања од институции од земјава или од Бугарија.

– До овој момент ниту од нашите институции, ниту од бугарските институции нема некои побарувања. Она што ќе биде клучно е брзо да се констатира од тамошните истражни органи што довело до несреќата. Но, дефинитивно, гледаме дека еден момент е доволен за да се случи една таква голема трагедија – изјави Шекеринска за медиуми .

Слични содржини