НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ: Дали постои влијание на вакцината против ковид врз менструацијата и плодноста?

од Stefanija Kuzmanovska

Дали вакцината против ковид влијае на менструалниот циклус? Ова прашање стана предмет на научно истражување на Универзитетот во Илиноис, откако бројни жени го споделија своето искуство на социјалните мрежи. А нивното искуство се состои од исклучително тешка и болна менструација, која тие ја донеле во врска со неодамнешната вакцинација.

Дали вакцината против корона предизвикува болна менструација?

Научниците тврдат дека во моментов е невозможно да се одговори на ова прашање. Поврзаноста помеѓу имунолошкиот и репродуктивниот систем на жената е позната подолго време. Дали оваа вакцина ја поттикнува оваа врска треба детално да се испита. Како прво, треба да се потсети дека менструалниот циклус е под влијание на многу фактори: стрес, исхрана, болести… Тешко е да се процени улогата на вакцинацијата, ако претходно не се направи сериозна студија.

Факт е дека дури и за претходните вакцини, кои се широко користени, како што се оние за ХПВ и рубеола, нема податоци дали влијаат на менструалниот циклус. Едноставно, овие податоци не се следени.

На кој начин вакцината и имунолошкиот систем влијаат на менструацијата?

Како што објаснуваат на Универзитетот во Илиноис, вакцината против ковид, исто како и другите вакцини, помага да се создадат молекули наречени цитокини и интерферони. Одамна е познато дека ендометриумот на матката содржи рецептори кои реагираат на овие молекули. Покрај тоа, матката е орган со изразен имунолошки одговор, па затоа не може ниту да се исклучи толку лесно дека вакцината не предизвикува никакви промени.

На пример, ако сакате да останете бремени, телото мора да го натера имунитетниот систем да ја успори својата работа. Само тогаш ембрионот може да се всади во матката. Хормоните кои го регулираат менструалниот циклус на жената се исто така одговорни за оваа промена. Врз основа на сето ова, може да се тврди дека одговорот на имунолошкиот систем на вакцината ги стимулира природните одговори во репродуктивниот систем и на некој начин ги пореметува во помала мера.

Дали има причина за загриженост?

Научниците веруваат дека нема причина да се грижите. Дури и ако се утврди дека вакцината навистина влијае на циклусот, тој ефект е ист како и кај обичната настинка. А секоја од нас била настината барем еднаш во животот за време или непосредно пред менструацијата. Во исто време, таа врска би постоела само за време на еден циклус. Во иднина, репродуктивниот систем би функционирал без никакви проблеми.

Научниците истакнуваат дека нема причина да се плашиме дека вакцината против ковид предизвикува неплодност. Бидејќи, како што беше речено, доколку ефектот постои, тој е ограничен на период од само еден месец по приемот на дозата.

Слични содржини