Наумоски: Го унапредив квалитетот на живот во Ѓорче

од Nikola Popovski

Сега веќе поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски се огласи на социјалните мрежи вечерва, откако ДИК објави дека избран е нов градоначалник после првиот круг од локалните избори.

Тој се заблагодари за довербата и дадените гласови на вчерашниот изборен ден.

-Заедно со советничката листа, со моите соработници успеавме да реализираме бројни проекти кои го унапредија квалитетот на живот. Особено драго ми е што во мојот мандат Волково за првпат доби детска градинка и училишна спортска сала, што Ѓорче Петров доби уредено корзо и затворен базен, во Хром се доградува училиштето, а во Дексион старите бараки на амбулантата сега се минато. Цело Ѓорче блесна со модерни, штедливи ЛЕД сијалици. Неуморно работевме и обезбедивме локацијата на новиот клинички центар да биде во Наше Ѓорче.

Над 110 улици асфалтиравме или поплочивме, поставивме 40 километри канализација, над 5 километри водовод, 40 километри асфалт, 7.700 квадратни метри нови паркинг простори.  Овие, но и 200те други проекти остануваат да сведочат за мојата работа како градоначалник. Како и досега останувам посветен на Ѓорче, стои во објавата на Наумоски.

Слични содржини