Не е за мене фалење ако е зголемен бројот на приматели на социјална помош, вели Мицкоски

од Vladimir Zorba

„Не е за мене фалење ако е зголемен бројот на приматели на социјална помош, напротив, за мене тема за фалење ако е намален бројот на приматели на социјална помош и повеќе богати граѓани. Тоа е за мене тема. Е тоа требаше да каже Ковачевски, колку пари ќе има за науката, колку пари ќе има за здравството, колку пари ќе има за нови автопати, за пруга. Тоа е суштината, нови енергетски објекти. Тој се фали, излегува и вели ќе има повеќе пари за сиромаштија. Не можам да го разберам, но претпоставувам тие ја одбрале таа стратегија, по мене тоа е погрешно и не е за фалење, но, тоа е што е”, рече денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Посочи дека ситуацијата со економијата во државата е алармантна, нема стабилна економска политика и поради тоа бизнисмените не можат да прават инвестиции и кога нема инвестиции нема ни развој, а има се повеќе сиромаштија.

„Ситуацијата во државата е алармантна, во економијата е алармантна ситуацијата и јас едноставно не гледам стабилна економска политика. Гледам политика со многу осцилации, ќе има даночна реформа па ќе нема даночна, па скалест данок се брише, па не се брише се одлага. Сето тоа создава еден вид горчина кај бизнисмените и тие практично, во отсуство на стабилност не можат ниту да инвестираат, а ако немате инвестиции немате развој, ако немате развој имате многу сиромаштија. И потоа се враќаме на почеток, ќе ги собираме парите да стимулираме сиромаштија, напротив, треба да стимулираме повеќе развој. Тоа е за мене успешен премиер, а не премиер што се фали дека има повеќе социјални случаи. Добро, ако тој така мисли дека се води политика, немам што да додадам”, истакна Мицкоски.

Слични содржини