Не може меѓу себе да си ги вадиме очите и да се блокираме и да одиме напред, вели Коциќ

од Vladimir Zorba

„Не може меѓу себе да си ги вадиме очите и да се блокираме и да одиме напред. Со измислување приказни и ширење параноја не се носи државата напред. Таа се носи со професионалци, луѓе што ја знаат работата и ќе седнат да ги решваат проблемите за да влеземе во ЕУ“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ на дебатата со неговиот колега Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Коциќ додаде дека или сите заедно ќе одиме напред или нема да одиме напред ако се продолжи со блокирање.

„Немате ниту еден разумен аргумент зошто Бугарите не треба да влезат во Уставот. Како пратеници одговараме за 2 милиони жители. Да, има проблеми, но тоа што треба да го постигнеме, треба да го постигнеме заедно, не смееме на секоја станица да си ставаме рампа“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ додаде дека ако некој смета дека треба да се блокира државата, нека блокира, но тоа да го направи јавно.

„Излезете како партија и кажете дека сте против ЕУ, не да глумите проевропски вредности, а да правите се за да го спречите процесот“ рече Коциќ.

Слични содржини