Не правете скари на отворено и не фрлајте отпушоци, апелираат од ЦУК

од Nikola Popovski

„Со гаснењето на пожарот ќе се прекине и кризната состојба. За тоа да се оствари покрај координацијата на субјектите на системот за управување со кризи, потребна ни е и поддршка од граѓаните“, изјавија денес од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на прес-конференција.

Од таму апелираат во наредните денови со високи температури, граѓаните да се воздржат од правење скари и палење оган на отворено.

-Посебно да внимаваат пушачите, односно фрлањето на отпушоци преку прозорците од автомобилите. Најголем дел од пожарит се токму од ваквото фрлање кон тревните површини, соопштија од ЦУК.

Слични содржини