Не престанува драмата на Северина, малиот Александар „заробен“ во Хрватска?

од Elena Daskalova

Со пресудата на хрватскиот основен суд, Северина Којиќ остана без старателството над синот Александар. Таа овојпат не го дава неговиот хрватски пасош, спречувајќи го да излезе од Хрватска.

Овој потег на никого не му е јасен, со оглед на тоа што досега многупати таа и Поповиќ го разменувале тој пасош, кога некој од нив го носел детето надвор од Хрватска. Многумина го толкуваат ова како уште едно непочитување на одлуките на судот.

Оние кои ја држат страната на Поповиќ мислат дека на овој начин таа сака да го спречи да ги види своите браќа кои живеат во Србија. Наводно, Поповиќ ги преземал сите потребни мерки за да го врати пасошот на својот син, а Северина е должна тоа да го направи, според пресудата на судот во Загреб.

Слични содржини