Не сакаме да губиме време, веднаш почнуваме со „акито“, рече Вархеји

од Nikola Popovski

На почетокот на скрининг процесот со Албанија и Северна Македонија, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји истакна дека овој процес што почнува денеска е првиот чекор што го правиме.

-Процесот што го почнуваме денеска се темели на добрата работа што ја завршивме досега. За ова се подготвувате со години и можам да кажам дека ќе бидеме со вас и дека ќе ја понудиме секоја помош што ќе ви треба, рече Вархеји.

Според него, денеска е важен момент за сите и влегуваме во нови односи.

-Не сакаме да губиме веќе ни еден момент и веднаш почнуваме со „акито“, рече Вархеји на состанокот за отпочнување на скринингот.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел на денешниот состанок за отворање на скринингот ја поздрави одлуката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, изразувајќи задоволство од досега постигнатите резултати во евроинтеграцискиот процес.

„Конечно влегуваме во последната фаза од нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ! Ова е момент кој го чекавме повеќе од две децении”, истакна вицепремиерот Маричиќ, потсетувајќи дека Република Северна Македонија, од осамостојувањето во 1991 година, јасно и недвосмислено ја изрази својата стратешка определба за полноправно членство во НАТО и ЕУ.

„Во сите години поминати во чекалната по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација и 17 години како земја-кандидатка, никогаш не отстапивме од зајакнувањето на нашите институции и административни капацитети, транспонирање на правото на ЕУ, во насока на градењето на позитивното досие за земјата, признаено од Комисијата”, посочи Маричиќ.

Слични содржини