Не сакаше да клекне на химната, па доживеа сериозна повреда

од Vladimir Zorba

Џонатан Ајзак, кошаркар на Орландо, доживеа две многу турбулентни вечери во првите два натпревари од продолжението во НБА-лигата.

Голема несреќа, опасна по неговото здравје, тој доживеа во дуелот со Сакраменто.

По еден напад, тој падна и го зграпчи левото колено, откако остана да лежи на подот.

Испитувањата утврдиле дека тој го скинал медијалниот лигамент на коленото, што е повреда со која се соочил и во првиот дел од сезоната.

Го изнесоа од терен во инвалидска количка, бидејќи не можеше да се потпира на ногата.

Ајзак стигна во центарот на вниманието на јавноста во првиот натпревар од продолжението на сезоната.

Крилото не клекна за време на интонацијата на американската химна, што го направија сите други кошаркари.

Како што истакна подоцна, тој не верува дека клекнувањето и носењето маици се ефикасни во борбата под слоганот „Црните животи се важни“.

„Решението за сите проблеми, не само расизмот, се зборовите на Исус Христос“, рече Ајзак во тоа време.

Слични содржини