Не се кријат повеќе: Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски видени заедно на натпревар (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Емили Ратајковски и Пит Дејвидсон повеќе не кријат дека се во врска, а сега се видени заедно на кошаркарски натпревар.

Со овој потег тие ја официјализираа љубовната врска, а на играта им се придружија и нивните пријатели Бен Стилер и Џордин Спаркс.

Гласините за врската на комичарот и моделот почнаа да се шират на почетокот на овој месец, откако еден корисник на Твитер напиша дека ги видел на романтична вечера во Њујорк.

После тоа, тие се фотографирани во ходникот на зграда во Њујорк, каде што таа живее. Извор неодамна изјави за US Weekly дека тие двајца се во врска веќе неколку месеци.

Инаку, Пит неодамна раскина со Ким Кардашијан, а по раскинувањето побара помош од психијатар.

Слични содржини