Не сме спиеле два дена, се обидуваме да спасиме животи: Еве како со 3Д печатачи и помогнале на болница во која се лечат од Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Компанија за 3Д печатачи во Италија дизајнирала и испечатила 100 респираторни вентили за 24 часа за болница која останала без нив, спасувајќи многу животи.

Вентилот инаку ги поврзува пациентите на интензивна нега со машините за дишење.

Болницата во Бреша имала 250 пациенти со коронавирус на интензивна нега, а вентилите биле дизајнирани да се користат најмногу осум часа истовремено.

3Д печатената верзија чинела помалку од 1 евро за изработка.

„Тие го тестираа на пациент и ни рекоа дека работи добро, па повторно трчавме во нашата канцеларија и почнавме да печатиме нови вентили“, изјавил машинскиот инженер Алесандро Ромајоли за Би-Би-Си.

Парот потоа ги здружиле силите со „Лонати“, друга локална компанија за 3Д печатачи, за да се исполни побарувачката, бидејќи таа има шест печатачи и на уредите им треба околу еден час за печатење.

Тие работеле бесплатно, но дизајнот не планираат јавно да го објават.

„Вентилот има многу тенки дупки и цевки, – парчињата не се лесни за печатење.

Друга болница се јавила и побарала повеќе вентили.

„Не спиевме два дена. Ние се обидуваме да спасиме животи“, Кристијан Фракази, шеф на компанијата „Исинова“ за производство на вентили.

 

Слични содржини