Комисијата за хартии од вредност, досега не се изјасни за основаните сомнежи дека Макпетрол сакаат да го преземат сомнителни бизнисмени.

527CD2FE01153C468F14FF0367384EA7

Во македонската јавност случајот со обидот за преземање на Макпетрол е главна тема, но државните институции и натаму молчат за ова прашање, посочува плусинфо.

Ниту еден државен орган, вклучувајќи ја и најповиканата институција, КХВ досега не се изјасни за основаните сомнежи дека Макпетрол сакаат да го преземат сомнителни бизнисмени со матно минато.

За случајот деновите  се заинтересира и Европската енергетска заедница со седиште во Виена, информира плусинфо , која испрати писмо до Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика, со барање да се разјаснат дилемите околу сомнителното потекло на капиталот на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“. Засега нема одговор до ЕЕЗ од македонските институции.

Темата „Макпетрол“ вчера стигна и до Собранието – на седницата за пратенички прашања, пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев запраша дали власта преку молчење и целосна неактивност на државните институции го потпомага преземањето на Макпетрол од сомнителна странска компанија, за да се уништи или замолчи Телма пред изборите.

Целиот текст можете да го прочитате на извор плусинфо

Слични содржини