Небиу: Немаме „Eдно општество за сите“, туку две или повеќе кои паралелно си живеат, со премалку интеракција и интеграција

од Vladimir Zorba

Земјата во овие 20 години откако е ДУИ во политичката сцена има останато во предворјето на европските интеграции, е третата или четвртата најсиромашна земја во Европа, има еден од најголемите имиграциски бранови во Европа, е една со најниските животни стандарди на континентот, како и во низа други параметри на развој се наоѓа на самото европско дно. Се разбира, не сакам тука да имплицирам дека ДУИ е единствениот или пак главниот виновник, таа сепак е секогаш втората по големина партија во секоја Влада – но факт е дека тие се дел од сите владејачки структури, вели за „Локално“ политичкиот аналитичар Бесим Небиу, со кого поразговаравме по повод 20 годишнината од постоењето на партијата на Али Ахмети.

Според аналитичарот, ДУИ ја користи умешно власта за да ги контролира своите гласачи кои се околу 70-80 илјади, созадавајќи клиентелистички фонд на гласови, додавајќи дека таа има и поддршка и од двете македонски партии кои, кои, како што вели „преферираат да бидат во коалиција со ДУИ“.

-Систем на социјален инженеринг преку кој има создадено значителна гласачка клиентела, која и дава солидна изборна предност пред конкурентските партии – кои се уште немаат најдено формула да совалдаат таква почетна предност на ДУИ, подвелкува тој.

За тоа дали партијата на Ахмети покажала чувство за државност во сите овие години на власт, аналиничарот е на ставот дека државноста и албанската национална карта се две спротивставени работи.

-И ВМРО и СДСМ, посебно првата се етнички партии. Македонија е мултиетничка земја, а таква и треба да и биде државата и државноста. Проблемот не е дали таа државност ја градат македонски, албански или мултиетнички партии (кои впрочем никогаш не ни постоеле) – туку дали ја градат со корупција или со меритокрација, со владеење на правото или со криминал, со правда или со неправда. Овие се вистинските дилеми, и подрачја во кои потфрлуваат нашите политички партии – несомнено и ДУИ!, појаснува Небиу.

Посочува дека ДУИ е стратешки и префериран партнер и на едната и на другата македонска партија, иако тие не сакаат ова така да го промовираат јавно.

-Затоа мислам дека функционерите на ДУИ се и позаштитетни дури и од нивните функционери, подвлекува Небиу.

 Бесим Небиу

Бесим Небиу

„Денес немаме едно општество за сите туку две или повеќе кои паралелно си живеат, смета политичкиот аналитичар додавајќи дека се „со премалку интеракција и интеграција“.

-Меѓуетничките односи се далеку од тоа каде би требале да бидат во едно општество каде живеат луѓе од различни етнички земји – каква што е Македонија!, објаснува тој.

За него членството во НАТО гарантира дека ако некој од надвор ја нападне Македонија ,НАТО алијансата ќе се стави во нејзина одбрана, додека пак внатрешниот мир во земјава треба да го создадеме ние самите.

За тоа дали ќе биде „шлаг на тортата“ премиер Албанец за оваа гарнитура на ДУИ, Небиу вели дека времето ќе покаже.

-Ќе видиме каков развој ќе земат настаните! Договорот меѓу СДСМ и ДУИ беше техничкиот премиер да биде Албанец. Дали и како тоа ќе се реализира тој догоовор ќе покаже времето и предизборните комбинаторики и калкулации на политичките партии во месеците пред да се случат изборите, додавајќи дека не очекувам било какви промена во ДУИ, пред таа да премине во опозиција.

Б.М.

Слични содржини