Неделков: Блиску сме до решение за платите на вработените во градинките кои штрајкуваа

од Nikola Popovski

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска информираше дека во добар правец иде надминување на проблемот со исплатата на плати на сите вработени во детските градинки кои беа во штрајк.

-Убедени сме дека и овој проблем ќе биде решен до крајот на неделата. Тоа не би требало да биде сламка на сопнување од аспет дека има добра волја од двете страни. Преговорите со МОН привршуваат и она што ќе биде договорено во однос на зголемување на плати во образование ќе важи и за детска заштита и она што е договорено со работните групи од двете министерката дека и колективните договори ќе бидат потпишани во соодветна рамка. До утре дефинитивно ќе завршиме, денеска имаме средба во МОН каде ќе ги допрецизираме договорените работи, рече Неделков после средбата со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Слични содржини