Нехамер: Не се планира ембарго на увоз на руски гас

од Nikola Popovski

Забраната за увоз на руски гас нема да биде дел од следниот пакет санкции што Европската унија ќе ги воведе кон Русија, изјави денеска во Брисел австрискиот канцелар Карл Нехамер.

„Ембаргото за гас нема да биде на дневен ред кога ќе се разговара за новиот пакет санкции, а тоа го потврди и германскиот канцелар Олаф Шолц“, изјави Нехамер на прес-конференција, пренесува Спутник.

Тој посочи дека ембаргото за увоз на нафта било полесно да се усогласи, бидејќи многу полесно се заменува нафта од други извори, а не гас.

Австрија купува 80 отсто од гасот од Русија, поради што не може да поддржи евентуален предлог за забрана на увозот, а многу помалку зависи од руската нафта.

Фото: rubaltic.ru

Слични содржини