Неколку илјади луѓе го напуштија Харков, украинските трупи продолжија да напредуваат

од Берта Китинска

Украинската армија продолжи да напредува во регионот на Харков, изјави командантот на украинската армија Валериј Залужњи, додавајќи дека Украина во септември ја вратила контролата на околу 3.000 квадратни километри.

Брзата офанзива на украинската армија во саботата ја принуди руската армија да го напушти главниот бастион во областа.

„Во правец на Харков почнавме да напредуваме не само на југ и исток, туку и на север. До државната граница (со Русија) има уште 50 километри“, напиша Залужни на Телеграм.

Тој рече дека вооружените сили на Украина ја вратиле контролата на повеќе од 3.000 квадратни километри од почетокот на септември, пренесува Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана објави дека руските сили ги гаѓаат позициите на украинската армија во регионот Харков со „прецизни удари на воздушни трупи, ракети и артилерија“.

Претседателот Володимир Зеленски го поздрави напредокот на Украина во Харков, велејќи дека Киев би можел побрзо да напредува следната зима доколку добие помоќно оружје.

Неколку илјади луѓе побегнаа во последните 24 часа од украинскиот регион Харков, местото на украинската контраофанзива, кон Русија, изјави гувернерот на руската област Белгород, која граничи со Украина.

„Во изминатите 24 часа, илјадници луѓе ја минаа границата“, рече гувернерот Вјачеслав Гладков во видео-обраќањето емитувано на Телеграм.

Украинската армија на почетокот на септември најпрвин најави контраофанзива на југ, со цел да изврши ненадеен и брз пробив кон руските фронтови на североисток, во областа Харков, во текот на изминатата недела.

Слични содржини