„Нема да биде поканета повторно“: Трансродова активистка се соблече топлес на настан во Белата куќа (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Администрацијата на Џо Бајден објави дека трансродовата активистка Роуз Монтоја нема да биде поканета назад во Белата куќа откако реши да се соблече топлес за време на Месецот на гордоста на јужниот тревник на Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа изјави за „Њузвик“ дека нејзиното однесување е „несоодветно и непочитувачко за кој било настан во Белата куќа“.

Портпаролот додаде дека постапките на Монтоја не го одразуваат настанот, кој беше организиран за да ги прослават ЛГБТК+ семејствата и другите гости, и дека поединци повеќе нема да бидат поканети на идните настани.

Имено, во саботата американскиот претседател Џо Бајден беше домаќин на стотици гости на пикник на Јужниот тревник како дел од одбележувањето на Месецот на гордоста и поддршката на неговата администрација за ЛГБТК+ заедницата по низата анти-ЛГБТК+ закони донесени низ целата земја.

Меѓу гостите беше и Роуз Монтоја, активистка за правата на трансродовите лица, која стана позната на социјалните мрежи во 2021 година по нејзината едукативна содржина за прашањето на трансродовите лица. Таа објави видео на својот Инстаграм и ТикТок во понеделникот, а на еден од клиповите се гледаат нејзините голи гради на јужниот тревник на Белата куќа.

@rosemontoya I had the honor of attending White House Pride, the largest one in history where the pride flag flew for the first time. This is trans joy. We’re here at the white house unapologetically trans, queer, and brown 💕 #foryourpride #pridemonth #whitehouse #potus #flotus #dcpride #trans #transjoy #lgbt ♬ Hi-def Femme – Nomi Ruiz

„Твојот топлес трик само нè уназади! Ние кои се боревме за еднаквост нема да ти простиме“, е еден коментар под нејзината фотографија на Инстаграм.

Монтоја се обиде да го оправда своето однесување обвинувајќи ги конзервативците дека го користат видеото за да се обидат да ги унапредат своите цели.

Слични содржини