Нема повеќе „Фејсбук“, „Инстаграм“ во Владата – „Ја претерале“!

од desk2

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и другите социјални мрежи на вработените. Тој смета дека вработените наместо да работат си пишувале статуси, објави Макфакс.


„Ги поминаа сите граници, никој ништо не работи. Јас како прв човек знам што се случува. Знам дека вработените постојано имаат отворено ‘Фејсбук’ и пишуваат статуси додека се на работа. Знам точно што сум исклучил. Јас правам цело време проверки, ова не е првпат да има ваков проблем, тој постојано се провлекуваше. Се снимаат додека се на работа за да објават на социјалните мрежи. По 16:30 часот нека прават што сакаат, ама по работното време“, вели Мирчески за „Макфакс“.

Слични содржини