Нема притвор за Никола Груевски

од Vladimir Zorba

По првостепената пресудата во предметот „Тенк“, каде поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски доби две години казна затвор, СЈО нема да бара притвор. Тие  дополнително ќе проценат дали ќе поднесат жалба за поголема казна до Апелациониот суд откако на писмено ќе ја добијат официјалната пресуда од судот, пишува Фактор.

За тоа што Груевски денеска не присуствуваше додека се изречуваше казната, од таму велат дека, според прописите, секој има право да не дојде за време додека се чита пресудата.

На својот Фејсбук профил  по изрекувањето на пресудата Груевски напиша:

„Главата горе горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија. Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга. Вие одлучувате! Да живее Република Македонија“- напиша Груевски.

Груевски денеска беше осуден од Кривичниот суд Скопје 1 на две години затвор бидејќи извршил влијание врз другите двајца обвинети на начин што од Гордана Јанкулоска побарал МВР да купи патничко возило „мерцедес“, а Јанкулоска, пак, го поттикнала Ѓоко Поповски при купување на возилото да го фаворизира економскиот оператор „Мак Ауто Стар“ ДООЕЛ Скопје.

 

Слични содржини