Несреќа во Чешка: Загинаа пожарникари при експлозија на гас (ФОТО)

од Nikola Popovski

Двајца пожарникари загинаа, а двајца се повредени во експлозија на гас во семејна куќа на југозападот од Чешка, соопштија официјалните лица.

Регионалната спасувачка служба изјави дека се повредени уште две лица.

Несреќата се случила во местото Коричани околу пладне, а според АП, куќата се урнала по експлозијата.

Пожарникарите велат дека биле повикани поради истекување на гас, а кога пристигнале во куќата имало експлозија.

Спасувачките екипи со кучиња ги пребаруваат урнатините на куќата.

 

 

Слични содржини